b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_10_Image12.jpg

На официјалната прес-конференција по натпреварот против Мешков Брест, тренерот на битолскиот клуб Стевче Алушовски ја призна инфериорноста и ги изнесе причините за поразот од 32-35.

„Во моментов имаме многу проблеми во ротацијата со повредените играчи. Повредени се Маркоски и Кукоски, Вегар исто така. Кога имате само двајца играчи кои можат да бидат во централниот дел од одбраната ќе имате големи проблеми. Примивме многу голови во првиот дел. Тешко е да победите кога ќе примите вкупно 35 голови, посебно против екипи како овие екипи, коие се дел од СЕХА лигата. Ракометарите на Мешков Брест беа апсолутно подобри во сите сегменти од играта. Овој натпревар ја врати екипата во реалноста и ни покажа до каде сме”, рече Алушовски.

Битолчани имаат само два дена да го подготват натпревар против Спортин Лисабон, а во ноќта меѓу четврток и петок делегацијата на Еурофарм Работник тргнува за Лисабон пред натпреварот од седмото коло на групата Ц на Лигата на шампионите.

kupi karti malo vnTRE

logo rfm

ehfclww2

ehftv

wwwehff4ww222

SEHA League

aqua baner

 

2sponzori dolu27112018

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: rkeurofarmrabotnik@yahoo.com

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48