b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_09_DKP_3549.JPG

Дебито во Лигата на шампионите за Еурофарм Работник мина во знакот на драматично надигрување со португалскиот Спортинг. На крајот гостите извојуваа победа од 29-30, а битолчани жалат што не откинаа барем бод. На прес-конференцијата зборуваа тренерот Стевче Алушовски и хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ.

Стевче Алушовски
(тренер на Еурофарм Работник)

Им честитам на ракометарите на Спортинг за добрата игра и заслужените два бода. Кога играте на ова ниво во Лигата на шампионите морате да имате повеќе идеја во нападот и поголема безобразност. Разликата ја гледам во играта во одбраната и во контрите и полуконтрите. Некои договорени работи не ги испочитувавме во играта во одбрана. Ни останува да работиме за да стигнеме до првата победа во Лигата на шампионите. За жал за нас дебито во Лигата на шампионите заврши со пораз.

Ловро Јотиќ
(ракометар на Еурофарм Работник)

Жал ни е што не успеавме да го донесеме до победа натпреварот против Спортинг. Во второто полувреме направивме неколку технички грешки, а не ги искористивме и можностите со играч повеќе. Моите соиграчи денеска дадоа максимум и им честитам. Публиката нè бодреше максимално и благодарен сум им. Не чека гостување во Шведска и сметам дека што побрзо треба да го заборавиме овој натпревар и да се насочиме кон новиот натпревар.

kupi karti malo vnTRE

logo rfm

ehfclww2

ehftv

wwwehff4ww222

SEHA League

aqua baner

 

2sponzori dolu27112018

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: rkeurofarmrabotnik@yahoo.com