b_640_480_16777215_00_images_vesti_2017_12_trojcata_1.jpg

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари за Европското Првенство што во периодот од 12 до 28 јануари ќе се игра во Хрватска. На списокот се најдоа тројца ракометари на Еурофарм Работник: Гоце Ојлески, Стефан Дрогришки и Горан Крстевски. Тоа претставува големо признание за клубот.

Поширок список за ЕП во Хрватска:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,

Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски

Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Сениорската репрезентација на Македонија на ЕП во Хрватска се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб. Според распоредот, Македонија во првото коло на 13 јануари се среќава со Словенија, на 15 јануари противник на нашиот состав ќе биде Црна Гора, додека групната фаза ја затвораме со меч против Германија на 17 јануари.

logo rfm

ehftv

EHF logo No textBlue RGB

kempa logo 1www

anzibel baner

aqua baner

 

sponzori2

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971235116 ,+38978277991

E-mail: rkhjs@yahoo.com