b_640_480_16777215_00_images_vesti_2017_09_PHOTO_20170908_182634.jpg

Еурофарм Работник - Железничар 24-21 (11-12)

На покана на Конзулот на Република Србија во нашата земја, српскиот ракометен клуб, Железничар од Ниш, каде тренер е поранешниот македонски селектор Јошко Петковиќ гостуваше во Битола и го одигра првиот од двата пријателски натпревари со Еурофарм Работник. Битолчани извојуваа победа со 24-21 (11-12), благодарение на второто полувреме, цврстата одбрана, добриот Ивановски на голот и головите од контра напад на Гоце Ојлески.

Стружанецот, кој не играше пред два дена против Прилеп, за првпат се појави пред битолската публика во дресот на финалистот на Купот и ја оправда довербата. Во спортската сала „Младост“, mечот подобро го отворија гостите од Србија, но со атрактивни голови на Ојлески и Мојсоски, Еурофарм Работник израмни. До полувремето се играше гол за гол, а гостите од Ниш на одмор заминаа со 11-12. Цврстата одбрана и Ивановски на голот беа клучот за пресвртот. Брзите контри на Ојлески, Крстевски и Мојсоски, го вратија битолскиот клуб во водство. До крајот, Еурофарм Работник се одлепи на +5 и без дилеми славеше со 24-21.

Најефикасен поединец на натпреварот беа Ојлески со 9 кај домаќините, а во српскиот табор се истакнаа Спасиќ и Крсманчиќ со по 4 гола. Утре од 11.00 часот двете екипи повторно ќе се соочат во тест натпревар во Битола.

logo rfm

ehftv

EHF logo No textBlue RGB

kempa logo 1www

anzibel baner

aqua baner

 

sponzori2

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971235116 ,+38978277991

E-mail: rkhjs@yahoo.com