Повеќе...

РК Еурофарм Работник ја информира јавноста дека денес спогодбено ја прекина соработката со Стефан Дрогришки. Во оваа прилика сакаме да му се заблагодариме на Стефан за сите досегашни заеднички мигови и да му посакаме многу успех во понатамошната спортска кариера.

Повеќе...

Борец - Еурофарм Работник 17:41 (10:18)

Лидерот на табелата во Суперлигата, битолски Еурофарм Работник се врати со убедлива победа од гостувањето кај Борец во Велес, каде славеше со 18-41. Избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ само се загреваа за битните натпревари со Берн и Пелистер следниот месец.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Работник денес со внесување на своите лични податоци се регистрираа во системот за е-персонален данок. Со последните измени во Законот за персонален данок на доход , кој што стапи на сила на 1 јануари годинава, се менува начинот на пријавување на приходите кои ги остваруваат граѓаните и плаќањето на данокот, односно, развиен е нов систем т.н е-Персонален. Со регистрацијата на ракометарите, сакаат да го доближат до граѓаните како што велат полесниот и посовремен начин на пријавување на приходите.

Повеќе...

Селекторот на машката сениорска репрезентација г-дин Раул Гонзалез го објави списокот од 20 ракометари повикани за претстојниот собир на машката сениорска репрезентација за квалификациските натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за ЕП 2020.

Повеќе...

Шести натпревар и шеста победа за Еурофарм Работник во Суперлигата. Попладнево во Битола беше совлдан тимот на Прилеп вo натпревар во кој избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ водеа од првата до последната минута. Скоро сите ракометари кои добија шанса се запишаа во листата на стрелците.

Повеќе...

Битолски Еурофарм Работник ќе се приклучи во натпреварите од европските купови во ноември, а за да дојде до групната фаза во Купот на ЕХФ ќе мора да го помине швацајцарски Берн.

logo rfm

ehftv

EHF logo No textBlue RGB

aqua baner

 

2sponzori dolu27112018

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: rkeurofarmrabotnik@yahoo.com