b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_08_eurofarm_druzenje.jpg

Ве известуваме дека од денес, петок 30.08.2019 година, за сите купувачи на приоритетни сезонските билети за натпреварите на РК Еурофарм Работник, истите можете да ги подигнете од продажното место, туристичка агенција „С Травел“ - Битола. Продажбата на сезонските билети и натаму е во тек, затоа побрзајте за да ги имате најдобрите места во салата во текот на целата ракометна сезона и да ја бодриме нашата екипа на натпреварите од СЕХА лигата како и на натпреварите од Лигата на Шампиони.

Од денес се пуштени во продажба и поединечните билети за натпреварите на РК Еурофарм Работник, и тоа онлајн на kartieurofarm.mk, како и на продажните месна низ Битола кои ги имаме наведено на страницата за онлајн купување. Сите кои ќе купат онлајн поединечен билет за некој од натпреварите, немаат обврска онлајн билетот да го заменуваат со физички билет на некое од продажните места, туку можат да влезат во салата со испринтана А4 формат копија од онлајн купениот билет.

Ни претставува чест и задоволство да ви најавиме дека утре, сабота, 31.08.2019 година, во 12:00 часот напладне, можете да имате единствена прилика да се дружите и фотографирате со играчите на РК Еурофарм Работник. Нашите првотимци напладне ќе бидат на едно од продажните места за билети, Вагабонт Тобако на Широк Сокак во Битола. Во пријатна атмосфера и дружење, тоа ќе биде прилика да направите фотографија со вашиот омилен ракометар, или пак лично тој да ви додели билет за некој од натпреварите на РК Еурофарм Работник.

Дојдете на пладневна прошетка и заедно да ја поддржиме нашата екипа!

kupi karti malo vnTRE

logo rfm

ehfclww2

ehftv

wwwehff4ww222

SEHA League

aqua baner

 

2sponzori dolu27112018

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: rkeurofarmrabotnik@yahoo.com