b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_07_66011019_386438935313275_3921272641230471168_n.jpg

Хрватскиот репрезентативец Ловро Јотиќ и официјално е нов член на Еурофарм Работбник. Тој доаѓа од ППД Загреб и треба да биде огромно засилување за битолскиот суперлигаш. Пред предизвикот од Лигата на шампионите, Еурофарм Работник обезбеди квалитетен лев и среден бек, кој стави потпис на двегодишен договор.

24-годишниот загрепчанец ќе биде замена за неколку ракометари на оваа позицијата кои го напуштија клубот. Јотиќ е трето интернационално засилување за тренерот Алушовски по Словенецот Ратајац, кој дојде од шампионатот на Австрија и Марин Вегар, кој пристигна од Романија.

Јотиќ вчера ги мина лекарските прегледи и официјно стави потпис на договорот до крајот на следната сезона. Хрватот ќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб од 21 јули кога официјално ќе започнат подготовките.

logo rfm

ehftv

EHF logo No textBlue RGB

aqua baner

 

2sponzori dolu27112018

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: rkeurofarmrabotnik@yahoo.com