b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_05_prolet-tinexs-eurofarm-1-del-18.jpg

Пролет - Еурофарм Работник 16-30 (7-15)

По денешната победа на Еурофарм Работник на гости кај Пролет стана јасно дека битолскиот тим ќе го освои второто место и претстојната сезона ќе дебитира во регионалното натпреварување.

Сала: „Македонско сонце“ - Скопје. Гледачи: 300
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)

Пролет:
Кристо, Кимевски, Коруновски, Василевски 2, Андоновски 6, Мајнов 1, Дамчевски, Дука, Стојановски, Манасков 2, Аларов 2, Јовчевски, Давитковски, Манев, Ролевски, Трајковски 3

Седмерци: 6/3
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Работник:
Трајкоски, Чаневски, Ојлески 5, Ѓукиќ 9, М. Петровски, Маркоски 3, Пецаковски 1, Талевски 1, Чурлевски, Д. Петровски, Кузмановски 3, Радовиќ 5, Кукоски, Крстевски, Остроушко 3, Граџан

Седмерци: 4/2
Исклучувања: 16 минути

Оваа победа и математички обезбеди виза за Еурофарм Работник во Купот на ЕХФ и во СЕХА-лигата. Битолскиот клуб ќе биде четвртиот клуб од Македонија што ќе настапи во СЕХА лигата. Освен Вардар и Металург, во регионалното натпреварување учествуваше и Струмица во 2016 година.

kupi karti malo vnTRE

logo rfm

EHF Champions League logo.svg

ehftv

EHF logo No textBlue RGB

SEHA League

aqua baner

 

2sponzori dolu27112018

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: rkeurofarmrabotnik@yahoo.com