b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_04_57491799_2325527867722783_5919884837191155712_n.jpg

Еурофарм Работник ги совлада Охрид и Вардар Јуниор во рамките на групата 1 од Купот на Македонија во Битола и обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. Во финалниот меч битолскиот состав го победи Вардар Јуниор со 38-27. 

Најефикасен во составот на Еурофарм Работник беше Филип Кузмановски со седум гола, а во екипата на Вардар Јуниор  Дејан Кукуловски постигна 13 погодоци.

Полуфинални мечеви:

Вардар Јуниор го совлада Астраион со 34-22 (16-11). Најефикасни поединци кај победничката екипа беа Димов со осум и Кукуловски со шест погодоци, а во таборот на Астраион се истакна Стојанов со девет гола.

Дуелот меѓу Еурофарм Работник и Охрид им припадна на домаќините, кои славеа со 34-20 (19-10). Во тимот на Алушовски се истакнаа Филип Кузмановски со седум и Гоце Ојлески со шест гола, а кај охриѓани најдобри стрелци беа Тасески и Димитријески.

logo rfm

ehftv

EHF logo No textBlue RGB

aqua baner

 

2sponzori dolu27112018

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: rkeurofarmrabotnik@yahoo.com