b_640_480_16777215_00_images_vesti_2018_12_eurofarm_-_bern.jpg

Радовиш - Еурофарм Работник 25-43 (11-21)

Лидерот на табелата во Суперлигата, Еурофарм Работник, забележа лесна и убедлива победа на гостувањето против Радовиш со 25-43, во заостанатиот натпревар  во македонската Супер лига. Овој дуел беше поместен заради настапот во третото коло на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник и Берн.

Спортска сала: „25 Мај“ - Радовиш. Гледачи: 500.
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)

Рaдовиш:
Паунов, Мицев, Тушев, Ѓорѓиев, Симиќ 1, Ристов 1, Органџиев, Димов 3, Бујиќ 8, Атанасов, Илиев 7, Долдуров, Колоски 5

Седмерци: 1/0
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Работник:
Чаневски, Трајкоски, Иваноски, Ојлески 4, Пецаковски, Крстевски 2, Граџан 9, Ѓукиќ 7, Петровски 1, Блажевски, Каковски 1, Талевски 6, Чурлевски 3, Мемиќ 3, Кузмановски 5, Кукоски 2

Седмерци: 1/1
Исклучувања: 2 минути

Со 34 бода, Еурофарм Работник ја зголеми предноста на +7 пред второпласираниот Бутел. Битолчани в сабота гостуваат кај Струга.

kupi karti malo vnTRE

logo rfm

EHF Champions League logo.svg

ehftv

EHF logo No textBlue RGB

SEHA League

aqua baner

 

2sponzori dolu27112018

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: rkeurofarmrabotnik@yahoo.com