b_640_480_16777215_00_images_vesti_2018_07_euroft2.jpg

Ѓорѓе Чирковиќ е нов тренер на македонскиот ракометен колектив, Еурофарм Работник. Клубот го потврдува договорот потпишан денес во Белград и со назначувањето на младиот српски стручњак го комплетира ростерот за следната сезона.

43-годишниот Чирковиќ е селектор на кадетската репрезентација на Србија, а во клупскиот ракомет ги водеше екипите на Војводина, Жезелничар, Партизан, Илиопулис, Југович Каќ и Доброгеа Суд од Констанца. Прогласен е за најдобар српски тренер во 2014 година, а првенството и Купот на Србија го освојувал и со Партизан и со Војводина.

Новиот тренер наскоро ќе допатува во Битола и че ги почне подготовките за новата сезона во која Еурофарм Работник ќе игра во ЕХФ Купот. Чирковиќ ќе го наследи Илија Темелковски кој останува да работи во клубот како советник и координатор.

logo rfm

ehftv

EHF logo No textBlue RGB

kempa logo 1www

anzibel baner

aqua baner

 

sponzori2

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971235116 ,+38978277991

E-mail: rkhjs@yahoo.com