b_640_480_16777215_00_images_vesti_2016_10_ive_231016.jpg

Кога на неколку минути до крајот Еурофарм Работник имаше +4 на гостувањето во Радовиш, се чинеше дека победата и бодовите ќе заминат за Битола. Сепак тогаш момците на Марковски и Зарков примија четири гола и загубија планирано бодови со финалното реми (34-34).

„Мислам дека бевме неодговорни кога најмногу ни требаше концентрација и фокусираност и сметам дека неодговорноста како тим и на инвидуалци е причината за ремито во Радовиш, кое сметам дека требаше да биде наша победа. Мора да бидеме повнимателни, да играме смирено и само така можеме да чекориме по прав пат. Првенството е долго, имаме уште многу натпревари, но и покрај сите проблеми, ние го имавме натпреварот во свои раце и штета што заради наши наивни грешки не успеавме да го добиеме. Сакам да потенцирам дека мечот беше коректен, немаше никакви притисоци или инциденти, со исклучок на ударот на Милан Левов, кој заслужува остра санкција“, рече Иван Марковски.

Еурофарм Работник на гостувањата игра многу полошо за разлика од мечевите на домашен терен кои ги доби. На мечевите во гости загуби од Пелистер и Пролет и ремизираше со Радовиш.

 

ФОТО: www.gol.mk

 

 

logo rfm

ehftv

EHF logo No textBlue RGB

aqua baner

 

2sponzori dolu27112018

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: rkeurofarmrabotnik@yahoo.com