b_640_480_16777215_00_images_vesti_2016_07_хјс_-_металопластика.jpg

Амбициите на лидерот во Првата ракометна лига, ХЈС Работник од Битола не престануваат со доведувањето на Филип Чурлевски од Вардар Јуниор. Битолскиот клуб деновите ќе го знае расплетот на сезоната, бидејќи во вторник во Скопје против Вардар 2 го игра клучниот меч за првото место. Победа и нерешен резултат им одговараат на избраниците на Марковски и Зарков, а победа го лансира Вардар 2 со поголеми шанси пред завршницата на сезоната.

Сепак деновиве Иван Марковски беше во посета на славниот српски клуб Металопластика од Шабац, екипата која е лидер во српскиот шампионат. Марковски разговарал за соработка помеѓу двата клуба и во неговиот бележник завршиле неколку имиња, кои од следната сезона можат да го облечат дресот на овој млад, но амбициозен клуб.

Нема да биде изненадување ако при евентуална промоција во Супер лигата, клубот ангажира и познати домашни ракометни имиња. Овој викенд ХЈС Работник ќе ја игра групата од четвртфиналната фаза на Купот на Македонија, а во „Автокоманда“ противник на ХЈС Работник е Радовиш.

logo rfm

ehftv

EHF logo No textBlue RGB

aqua baner

 

2sponzori dolu27112018

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: rkeurofarmrabotnik@yahoo.com