b_640_480_16777215_00_images_vesti_2016_07_igor_ilievski.jpg

Лидерот во првата ракометна лига, ХЈС Работник од Битола, уште отсега сериозно размислува за следната сезона во која со голема веројатност ќе игра во Супер лигата. Екипата која ја водат Иван Марковски и Александар Зарков презими како лидер со само еден пораз и на добар пат е на Битола да ѝ подари уште еден клуб во најсилната категорија.

 

Вчера ХЈС Работник потпиша договор со довчерашниот ракометар на Пелистер, Игор Илиевски. Крилото се одлучи на ваков потег заради амбициите кои ги нуди ХЈС Работник, бидејќи во Пелистер не играше со континуитет оваа есен.

Ракометарите на ХЈС Работник оваа зима не мируваа и настапија на младинскиот турнир во Скопје, а сениорската екипа ги почнува подготовките за пролетниот дел од сезоната.

kupi karti malo vnTRE

logo rfm

ehfclww2

ehftv

wwwehff4ww222

SEHA League

aqua baner

 

2sponzori dolu27112018

За нас

РК ХЈС РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на РФМ...Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: rkeurofarmrabotnik@yahoo.com